02 Мај, 2024
0.0266

Швајцарија ќе следи построги дозволи за работа на Бугари

Објавено во: Свет 10 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

По оценка на податоците за издадените долгорочни дозволи за работа во периодот 1 јуни 2016 - 31 мај 2017 година, Владата на Швајцарската Конфедерација се одлучи за построго следење на бројот на издадени нови лиценци од овој тип за бугарските и романските граѓани.

Ова може да доведе до намалување на бројот на издадени долгорочни дозволи по 1 јуни 2017 година за период од една година, соопшти бугарското МНР.

Одлуката е привремена мерка. Тоа нема да влијае на издадените до моментов долгорочни дозволи, како и краткорочните дозволи за работа.

Бугарските и романските граѓани добија целосен пристап до пазарот на трудот во Швајцарија во мај 2016 година, кога беа израмнети по статус со државјаните од другите земји-членки на Европската унија по истекот на преодниот период за Договорот за слободно движење на луѓе. Тоа и овозможува на швајцарската Влада да воведе привремени мерки за намалување на бројот на дозволите за работа за земји-членки, ако процени дека има притисок врз пазарот на трудот.

Решението од денешната седница на Федералната влада на Швајцарија со акција за една година влегува во сила од јуни 2017 година и се однесува само на дозволата од категорија "В" (за долгорочен престој), без да е во спротивност со категоријата "L", кои се однесуваат до краткорочните дозволи за една година.

Вицепремиерот за правни реформи и министер за надворешни работи Екатерина Захариева разговарала со државниот секретар во Министерството за надворешни односи на Швајцарската Конфедерација Паскал Баерисвил која истакнала дека одлуката е стандардна процедура со ограничен опсег и рок и не е дискриминаторска мерка спрема бугарските и романските граѓани.

Потсетуваме дека Швајцарската Конфедерација донесе одлука за воведување на слични мерки во врска со дозволи за работа во 2012 година во однос на 8 нови земји-членки на ЕУ од првиот бран на проширување, а во 2013 година го прошири работењето и за други 17 земји-членки на ЕУ.

Во разговорот Захариева и Баерисвил разговарале за активните билатерални односи, конструктивната соработка во сите области, а особено детската правда.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа