05 Мај, 2024
0.0285

Швајцарскиот франк го изгуби компасот-тука не е крај на неговиот пад, а ќе паѓаат и јенот и доларот

Објавено во: Економија 01 Август, 2017

Добивај вести на Viber

На светските валутни пазари, еврото спрема доларот зајакна и минатата недела, трета по ред, па неговиот курс достигна највисоко ниво во две и пол години.

Цената на еврото спрема американската валута порасна минатата недела 0,8 отсто, на 1,175 долари, а во еден момент достигнала и 1,1777 долари, највисоко ниво од јануари 2015 година.

Доларот ослабна спрема јапонската валута, па курсот му се лизна 0,4 отсто, на 110,65 јени.

Поради тоа индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шест најважни светски валути, минатата недела падна 0,2 отсто, на отприлика 93,7 бодови. Во еден момент се лизна само на 93,26 бодови, најниско ниво од јуни 2016 година.

Успонот на еврото спрема доларот четврта недела од последните пет е благодарение на довербата на инвеститорите дека американскиот ФЕД нема да се брза со затегнување на монетарната политика, додека Европската централна банка наскоро би можела да најави намалување на поттикнувањето на монетарните мерки.

Доларот во изминатите четири недели спрема еврото ослабна приближно три отсто, а од почетокот на годината околу 11,5 отсто, што поттикнало загриженост околу тоа до кое ниво ЕЦБ ќе биде подготвена да дозволи јакнење на еврото без преземање на никакви интервенции.

 Во фокусот на вложувачите минатата недела беше и швајцарската валува бидејќи франкот спрема доларот ослабнал повеќе од два отсто. Неговите загуби биле уште поизразени спрема еврото.

Традиционално блиската корелација меѓу еврото и франкото се менува бидејќи сите силни очекувања дека ЕЦБ ќе почне полека да става крај на својата попустлива монетарна политика, сметаат аналитичарите.

Аналитичарите во банката Морган Стенли очекуваат понатамошно слабеење на швајцарскиот франк бидејќи сметаат дека тој и понатаму е најпреценета валута во групата од 10 најголеми светски економии.

Се поставува прашањето: Зошто слабее швајцарската валута?

Франкот како и доларот и златото, има статус на сигурно прибежиште во несигурни времиња. Тоа значи дека јакнее кога излегуваат лоши политики и економски вести а токму тоа е главна причина за нагло јакнење на швајцарската валута за време на финансиска криза која во меѓувреме се смири а дојдовме во ситуација во која и ЕЦБ планира да почне да ги крева каматните стапки.

Дали CHF ќе продолжи да слабее?

Според пишувањата на пословни.хр. доколку продолжат позитивните трендови во американската и европска економија, може да се очекува продолжение на слабеењето на франкот. И бидејќи како што споменавме погоре франкот важи за најпреценета светска валута, тоа значи дека простор за слабеење се уште има. А освен тоа, официјалниот став на швајцарската централна банка е дека франкот е пресилен и дека и штети на сопствената економија поради тоа мора да ослабне. Во таа ситуација многумина аналитичари посочуваат дека до крајот на годината може да се очекува слабење на франкот во однос на еврото од барем уште неколку посто.

Се очекува и пад на американскиот долар и јапонски јен, но и пад на цената на златото доколку глобалната економска ситуација навистина продолжи да се поправа.

Швајцарскиот франк со рекорден пад во последните години

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години