Швајцарија има најмалку невработени
Објавено во: Свет 28 Април, 2013 10:10
Додека повеќето земји од Европската унија се борат со невработеноста, одделни држави, како Швајцарија, Норвешка и Австрија успеваат бројот на невработени да го сведат на минимум.
Просечната стапка на невработеност во ЕУ во февруари достигна 10,9 отсто, додека во земјите од еврозоната рекордни 12 проценти.
Но швајцарската јавност ја загрижи веста дека бројот на невработени достигнал 150.000 односно стапка од 3,2 отсто.
Швајцарија, која не е членка на ЕУ, успева да се избори со кризата, иако нејзините економисти кои предупредуваат на последиците од реструктуирањето, пред се во банкарскиот сектор, сметаат дека е неуспех предвидениот раст на бруто домашниот производ од 1,3 отсто во 2013, односно 2,1 отсто во 2014 година.
Уште една земја, надвор од ЕУ и еврозоната, Норвешка, речиси и не го познава проблемот на невработеност, која во земјата во јануари изнесуваше 3,6 отсто, пренесува Б-92. Економистите објаснуваат дека оваа скандинавска земја има три адути на планот на политиката на вработување. Таа не е под притисок на институциите на ЕУ кои бараат намалување на долгот. Земјата е богата со нафта, а парите од продажбата делумно ги вложува во фонди, чии средства се на располагање во период на криза, а не треба да се заборави ниту силната социјална кохезија на Норвежаните, кои не би дозволиле да дојде до масовна невработеност.
Кога во 2009 година криза ја погоди норвешката економија, буџетот на норвешката агенција за вработување значително се зголеми, додека отпуштените работници, бреку заводот за вработување, упатувани се на дополнитено школување, посебно младите. Слична политика применува и Австрија.
За разлика од претходните две, Австрија е членка на Унијата, но невработеноста и е далеку под просекот на ЕУ и изнесува 4,8 проценти, што се должи на социјалниот консензус и економската политика на владата, која комбинира модел на флексибилност меѓу работодавачите од една страна и социјална сигурност на вработените, од друга страна.
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




