20 Декември, 2025
0.1437

Швајцарците на референдум, бараат забрана за продажба на златните резерви

Објавено во: Свет 20 Април, 2013 13:02

Добивај вести на Viber

Швајцарија ќе треба да распише референдум за прашањето дали да и се забрани на централната банка да ги продаде златните резерви и да биде принудена да задржи најмалку 20% од своите средства во благородни метали, соопшти весникот „MISH'S Global Economic Trend Analysis“. Според швајцарскиот закон, граѓаните можат да ја достават за гласање секоја иницијатива која собрала над 100 000 потписи. Кампањата на конзервативната Швајцарска народна партија "Спасете го нашето швајцарско злато" собра 106 502 потписи, што значи и дека ќе има гласање. Ако Швајцарците гласаат во корист на кампањата, централната банка на земјата ќе треба да ги прибере златните резерви што се чуваат надвор Швајцарија и да ги задржи дома. Владите во дел од еврозоната имаат тенденција да држат голем дел од резервите во злато. Италијанската централна банка чува 2 451 тони, или над 70% од вкупните резерви, додека во Португалија процентот достигнува 90, макар шт станува збор за само 383 тони. Во моментов во Кипар се размислува дали да се продаваат златните резерви за да се намалат долговите. Иницијаторите на кампањата во Швајцарија, меѓутоа, категорично ја отфрлаат идејата за продажба на скапоцениот метал. Тие инсистираат дека златните резерви на централната банка, кои во крајот на февруари имаа вредност од 49,5 милијарди швајцарски франци, или 10% од вкупниот биланс, се најдобар начин за зачувување на нивната вредност. Се разбира, од финансиските институции се противат на идејата и ќе го дадат својот одговор, како што велат „навремено".

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот