02 Мај, 2024
0.0274

Си Џинпинг го брани владеењето во Хонг Конг, една земја два системи

Објавено во: Свет 01 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Кинескиот модел „една земја два системи“ на владеење со Хонг Конг функционираше во заштитата на градот и мора да продолжи долгорочно, вели Си Џинпинг.

Кинескиот лидер строго го одбрани политичкиот систем во говорот во Хонг Конг, по неодамнешните меѓународни критики, пишува „Би-Би-Си“.

Хонг Конг одбележува 25 години откако Британија и го врати градот на Кина.

Тој е под силно обезбедување бидејќи е домаќин на Џинпинг, кој е на своето прво патување надвор од копното по две години.

Според „една земја два системи“, Хонг Конг треба да биде управуван на начин што му дава висок степен на автономија и ја штити слободата на говор и собирање, како и други права што не се наоѓаат во континентална Кина.

Но, во последниве години Кина беше критикувана за зголемување на контролата врз Хонг Конг и донесување закони и реформи кои ја задушуваат слободата на говорот и несогласувањето.

Принципот „една, земја, два системи“ произлезе од договорот меѓу Велика Британија и Кина и е пропишан со закон во Хонг Конг. Но, заштитата истекува во 2047 година, рок за кој многумина во Хонг Конг долго време се загрижени.

Но, во петокот Џинпинг рече дека „мора да се почитува на долг рок“ - досега најјасен знак дека Кина има намера да го зачува политичкиот модел, за кој критичарите велат дека веќе е компромитиран за да му одговара на Пекинг.

Опкружен со знамињата на Кина и Хонг Конг на сцената, Си го бранеше системот дека работел во заштитата на просперитетот и стабилноста на Хонг Конг, како и на „фундаменталните интереси“ на Кина во изминатите 25 години.

„Една земја, два системи“ е тестирана и докажана одново и одново, и нема причина да се менува толку добар систем“, рече тој.

Тој додаде дека има „едногласна поддршка“ од жителите и „широка одобрување“ од меѓународната заедница.

Но, Хонг Конг со текот на годините виде огромни продемократски протести и многумина, вклучително и западните земји, го критикуваа растечкото мешање на Пекинг во градот.

Во 2020 година, Кина воведе контроверзен закон за национална безбедност со кој се ограничува слободата на говорот и несогласувањето. Ова ја поттикна Британија да ја обвини Кина за кршење на принципот „една земја два системи“ и нивниот договор.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа