Силен земјотрес ја погоди Костарика
Објавено во: Свет 18 Август, 2018
Земјотрес од 6 степени го погоди југот на Костарика, во близина на границата со Панама.
Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри северно од градот Голфито, пренесе „Ројтерс“.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека земјотресот предизвикал мала штета, но нема податоци дали некој е повреден.
Половина час по земјотресот забележан бил и еден помал потрес од 4,9 степени според Рихтер.