29 Април, 2024
0.0284

Силјановска до Пендаровски на втората ТВ дебата: Бевте во структурите кои го гонеа Руфи Османи

Објавено во: Македонија 13 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Гордана Силјановска Давкова во втората телевизиска дебата помеѓу претседателските кандидати синоќа на МРТ го посочи Стево Пендаровски како член на структурите кои во 90-тите го гонеле Руфи Османи, поранешниот градоначалник на Гостивар, за албанските знамиња и Тетовскиот универзитет.

На ова Пендаровски и реплицираше дека нема допирни дочки со гонењето на Османи и дека тогаш не бил во високите инстанци кои носеле одлуки.

- Мене господинот Османи во 2014 ме пофали и ми даде јавна поддршка кога бев кандидат за претседател на претходните претседателски избори - рече Пендаровски.

Пендаровски ја праша Силјановска зошто прифатила да биде министерка во владата на Бранко Црвенковски од 1992 до 1994 кога знаела дека Македонија е примена во Обединетите Нации под референцата ПЈРМ.

- Сум била против, тоа може да го покажат и стенограмите од владините седници. Но, некој потесен круг имаше ексклузивно право на името и некои од нас тогаш се пожалија дека тоа е нетранспарентен начин. Кога ми заврши мандатот поради тоа реков дека нема да се бавам со политика - наведе Силјановска.

Во делот на економијата, таа побара од Пендаровски да ги наброи имињата на странските инвестиции што влегле во Македонија, на што противкандидатот рече дека не може во тој момент да ги изнесува имињата.

- Пред неколку дена премиерот Зоран Заев изложи цела листа на нови странски инвестиции со име, презиме, земја на потекло и инвестирана сума - возврати Пендаровски.

Силјановска рече дека како научник секогаш ќе ги критикува договорите со Грција и Бугарија, но како политичар мора да ги прифати поради принципот „pacta sunt servanda“.

Пендаровски на крајот рече дека Македонија со Преспанскиот договор, со договорот за добрососедство со Бугарија и со законот за употребата на абанскиот јазик направила таква внатрешна и надворешна кохезија што била призната од светот како најперспективна земја во моментов.

Можеби ќе ве интересира

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза