02 Мај, 2024
0.0350

Силјановска, Пендаровски, Река - заевизам, амнестија, патриотизам

Објавено во: Македонија 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Еден режим се претвори во друг, заевизмот ме мотивира да се борам -Силјановска Давкова.

Никогаш нема да амнестирам политичари како Иванов со масовната аболиција - Пендаровски.

Албанците се изморени од комерцијалниот патриотизам, чекам гласови од сите - Река

Во интервјуата на кандидатите за претседател кои Фактор ги направи во периодот на кампањата, тројцата зборуваат отворено за ставовите кои ги застапуваат. Силјановска Давкова демонстрира одмереност и смиреност, но со многу емоции зборува за, како што вели, режимот на Зоран Заев.

„Да не беше оваа власт концентрирана во рацете на еден човек и неколкумината околу него, и еден режим да не се претвореше во друг, заевизам кој едно кажува, а друго прави, веројатно немаше ни да бидам толку мотивирана за оваа борба. Ние имаме проблем со персонификација на власта во рацете на неодговорен и некадарен човек, кој не се срами секогаш кога ќе настапи пред странски медиум или форум. Со сиот респект за Стево Пендаровски, сепак противникот кој треба да го ограничиме во вршењето на власта се вика Зоран Заев и СДСМ (заедно со ДУИ), изјави Силјановска Давкова во интервјуто за Фактор.

Стево Пендаровски, пак во интервјуто вели дека Заев воопшто не присутен кај него на начин како што е Христијан Мицкоски кај Силјановска Давкова

„Има голема разлика во присуството на Зоран Заев во мојата кампања и присуството на Мицкоски во кампањата на Силјановска. Ако ја погледнете мојата кампања, ќе видите дека со премиерот имаме неколку  заеднички настани, додека сите други денови јас се сретнувам со граѓани на непартиски трибини. Ако ја погледнете кампањата на Силјановска ќе видите дека Мицкоски е носител на таа кампања и дека практично сите пораки се пласираат преку него. Дури и главните спотови одат преку неговите профили. Тој е погласен и поприсутен во медиумите од самата Силјановска и тоа е многу различно од она што се случува во нашиот кампус. Тоа кажува дека Силјановска воопшто не успева да се издвои од партијата иако на почетокот ветуваше и независна кампања покрај партиската, вели Пендаровски за Фактор.

Река во разговорот тврдеше дека тој е кандидат кој ќе се трка и во вториот круг. Вели дека Албанците се уморни од комерцијалниот национализам, или од тендерскиот патриотизам. Рече дека не сите албански партии се националистички партии. Дел од албанските партии, според него, се партии кои сѐ гледаат низ призмата на тендерот и на парите.

„Се надевам дека во земјава ќе владее правото и судството, истовремено, конечно мора да имаме независно судство, но веќе две години, преку партиски договори не се постигнува нешто што наликува на тоа. Ако имаме вистинска република, таа ќе ги реши етничките проблеми. Но ние, за жал, 30 години од независноста, не успеавме да изградиме република, државата ја водеа поединци или кланови, и да, не можеме да добиеме датум за преговори со ЕУ со непотизам, корупција, инструментализирано судство, имунизирани пратеници, амнестирани криминалци. Ние имавме една стратешка геополитичка цел. А тоа беше да бидеме што побргу членка на НАТО. И заради тоа ние направивме и некои непринципиелни компромиси. Направивме амнестија за да добиеме двотретинско мнозинство за да се промени Уставот, а сето тоа како предуслов за Грција да го ратификува Договорот од Преспа. Тоа веќе заврши и јас мислам дека веќе Владата нема алиби за нови политички тргувања, вели Река.
Стево Пендаровски во интервјуто вели дека уставни измени за надлежностите на претседателот не се потребни туку е потребна нова личност која ќе го врати достоинството на оваа институција.
„Потребна е промена на човекот на таа позиција кој ќе биде претседател на сите граѓани, кој ќе биде коректор на власта и партиите, кој ќе зборува гласно против неправдите и кој ќе ги обедини сите чинители во општеството околу главните стратешки определби на земјата. Таков претседател ќе нема потреба од повеќе ингеренции туку во рамките на постоечките ќе има многу позитивно влијание во политиката. Јас ветувам дека ќе бидам токму ваков претседател, вели Пендаровски.
На прашањето за уставни измени за промена на начинот на избор на претседател, Силјановска Давкова вели дека  непосредниот избор на претседателот е контратежа на партизираниот систем, на партитократијата.
„Цел живот се залагам за воведување внатрепартиска демократија и за партиципативна демократија. Знаеме каков е изборниот систем и дека при гласање за изборни листи (на парламентарни или локални избори) граѓаните немаат можност да изберат личност, туку партија. Ова е ретка можност граѓаните, а не партиите, да го кажат својот глас и да му дадат легитимитет и право да зборува во нивно име, дури и како совест на општеството, на еден човек/жена. Свесна сум дека евентуално неуспешни избори можат да водат кон таква дебата, а таква веќе најавуваат, за жал, и некои мои колеги уставни правници. Она што јас го посочувам уште од многу одамна е дека воведувањето цензус во вториот круг е решение кое го нема во другите уставни системи и дека тоа треба да се смени, вели Силјановска Давкова.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај