Силјановска:Дел од Владата на Црвенковски, борец против Преспанскиот договор и критичар на двојазичноста
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2019
Еден од лидерите на професорскиот пленум, Жесток критичар на двојазичноста но и Борец против Преспанскиот договор. Професорката по уставно право на правниот факултет „Јустинијан Први“ Гордана Силјановска Давкова доби амин од ВМРО ДПМНЕ да биде кандидат со кој опозицијата ќе се бори за шеф на државата.
Таа во јавноста има добро познат став за „Република Северна Македонија“.
Можеби малкумина денес знаат дека Силјановска беше и министер без ресор од 1992 до 1994 година во првата влада која како премиер ја предводеше Бранко Црвенковски.
Професорката по уставно право во жестоката 2014 година која ја одбележаа протестите на студентите, беше еден од најистакнатите членови на професорскиот пленум во обид да ја одбрани автономијата на универзитетот кога се носеше спорниот Закон за високо образование.
Силјановска гостуваше во десетина емисиии во кои цврсто застана против новиот Закон за употреба на јазиците со кој де факто се воведува двојазичност во Македонија на повеќе нивоа вклучувајќи ги сите институции.
Целото досие на професорката кандидат за претседател од редовите на ВМОР ДПМНЕ читајте го тука.