Симовски вели пописот е успешно спроведен, попишани се над 1.800.000 граѓани
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2021
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вечерва на прес - конференција изјави дека пописот е успешно спроведен.
Вели дека се попишани повеќе од 1.832.696 граѓани. Апликациите за попишување во земјата и за самопопишување на дијаспората се затворени вечерва во 20 часот, со што завршија пописните активности во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021. Државниот завод за статистика во следните неколку дена треба да ги направи последните проверки и сумирање на податоците. Официјалните резултати од пописот ДЗС треба да ги објави најдоцна за шест месеци, односно до крајот на март 2022 година.
Најголемата статистичка операција по 20 години во земјава траеше 26 дена.