05 Мај, 2024
0.0321

СИН МИ ПОЧИНА ВО ИРАК, Бајден продолжува со гафовите (Видео)

Објавено во: Свет 13 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Џозеф Бајден направи нов гаф кога во говор во американската сојузна држава Колорадо рече дека неговиот син, кој почина од тумор на мозокот во мај 2015 година, „го загубил животот во Ирак“.

Видеото од неговиот говор во воениот камп Хејл го објави извесен Вендел Хусебо, кого на Твитер, меѓу другите, го следи и Ричард Гренел, поранешниот американски амбасадор во Германија, а потоа поранешниот американски претседател Доналд Трамп го назначи за специјален пратеник за Косово и Метохија.


- Само замисли. Ова го кажувам искрено. Ова го кажувам како татко на човек кој ја доби Бронзената ѕвезда, Медалот за истакната служба и кој го загуби животот во Ирак - рече американскиот претседател, прогласувајќи го армискиот камп Хејл за национален споменик.

Најстариот син на американскиот претседател, Бо Бајден, служеше во Ирак во 2008 и 2009 година. Шест години подоцна, тој почина на 46-годишна возраст од рак на мозокот во САД.

Џо Бајден претходно сугерираше дека ракот на неговиот син можеби е предизвикан од изложеност на токсични материи ослободени за време на согорувањето на отпадот во американските воени капацитети, вклучително и оние во Ирак.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра