СИН СЕ ОБИДЕЛ ДА ЈА УБИЕ МАЈКА СИ - го фатиле и го однеле на психијатрија
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2020
СВР Скопје-Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против 47-годишниот В.С. од Скопје, поради обид за убиство.
На 21.02.2020 во семејниот дом, пријавениот ја нападнал својата мајка А.С. нанаесувајќи и тешки телесни повреди, доведувајќи ѝ го животот во опасност.
Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и во координација со Јавен обвинител пријавениот бил лишен од слобода, спроведен и хоспитализиран во Јавната здравствена установа, Психијатриска болница во Скопје.