СИН СО СЕКИРА ЈА УБИЛ МАЈКА СИ: Ужас во тетовско
Објавено во: Македонија 08 Април, 2022
Син со секира ја убил својата мајка утринава во тетовското село Селце, информира МВР.
„Денеска околу 8 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово, во тетовско Селце, го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од ова село, кој се сомничи дека во дворот пред семејната куќа со остар предмет ја усмртил неговата 73-годишна мајка Н.Д, стои во соопштението.
Осомничениот е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина.