03 Мај, 2024
0.0322

Синдикатот дециден: Во Штип да не се намалуваат платите на текстилните работници

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска излезе со апел до Општинскиот кризен штаб во Штип, Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски како и до сите надлежни институции, при носењето на Одлуки за затварање на компаниите, а се со цел заштита на јавното здравје, да водат сметка и за правото на соодветна заработувачка на работниците и истите во време кога нема да работат компаниите да бидат платени како во деновите кога би оделе на работа.

„Укажуваме дека за стратегиите, политиките и одлуките кои заеднички ќе ги донесеме, одговорноста на сите ќе биде поголема, а отчетноста задолжителна. Работодавачите се должни да ги преземат сите мерки за заштита на здравјето на работниците како на работните места, така и при организирање на превозот на работниците од и до  работните места, а во спротивно истите подлежат на одговорност за последиците на здравјето на работниците за што во последниот период сите сме сведоци“, велат од Синдикатот.

Апелилраат до инспекциските служби поажурно и навремено да ги преземаат сите законски мерки за спречување на вакви појави.

„Потсетуваме дека правото на соодветна заработувачка определено во одредбата од член 32 став 3 од Уставот на Република Северна Македонија е економско право на работниците и никој неможе истото да им го скрати спротивно на Закон и Колективен договор“, потенцираат од ССМ.

Согласно Законот за работните односи член 112, ст.1 „Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот. “, а согласно точка 9 од истиот член „Работодавачот е должен да му исплати на работникот надоместок на плата за денови и часови, колку што изнесува работната обврска на работникот на денот кога заради оправдани причини не работи.“

„Сега кога работниците повторно се на своите работни места, Безбедноста и здравјето при работа мора да биде најважен приоритет. Заштитата на работникот од Covid-19, значи и заштита на здравјето на неговото семејство, заштита на јавното здравје и здравјето на сите нас. Нема да дозволиме „новото нормално“ време да значи намалени плати на работниците, откази и непочитување на правата од работен однос. Ги охрабруваме работниците, синдикално да се организираат, да пријавуваат секакво кршење на работничките права, за да може ССМ заедно со Вас да спречивакви негативни појави и кршење на работничките права во иднина“, децидни се од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ