01 Мај, 2024
0.0317

СИНДИКАТОТ МУ ПОРАЧА НА МИЦКОСКИ: Вашите градоначалници веднаш можат да им ги зголемат минималните плати на вработените во комуналните претпријатија и да служат за пример

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија ја поздравува изјавата на ВМРО - ДПМНЕ дека ќе ја поддржи минималната плата, но и дека ќе бара почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места како и примена на членот 8 од Законот за минималната плата.

„Потсетуваме дека ССМ уште во декември 2021 година испрати допис до политичката партија со цел да ги слушнат барањата и потребите на работниците за зголемувањето на минималната плата, а работниците очекуваа дека и предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати доставен до пратениците во Собранието досега ќе беше поддржан се во интерес на работниците“, пишуваат од Синдикатот во своето соопштение до јавноста.

Оттаму ја потсетуваат опозициската партија дека согласно членот 8 од Законот за минималната плата, онаму каде што има градоначалници од нивната партија веднаш можат да пристапат кон зголемување на платите на работниците кои работат во комуналните претпријатија, јавните претпријатија кои се под локалнатите самоуправи и Градот Скопје, вработените во Општините, противпожарната служба, основните училишта и други места.

„Работниците очекуваат како од централната така и од локалната власт не само да се залага декларативно, туку и преку конкретни чекори да ја зголеми платата на работниците согласно Законите и колективните договори. Очекуваме претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски да ги охрабри градоначалниците од неговата партија веднаш да постапат по закон и колективен договор и да ги зголемат платите на вработените и да бидат пример за како треба и останатите, скалесто да ги зголемат платите согласно порастот на минималната плата. Работниците од претставниците на народот и политичарите очекуваат нивните ветувања да ги исполнат веднаш, а во спротивно бараат од ССМ да ги интензивира своите активности и на локално ниво“, се вели во писмениот допис од ССМ.

Можеби ќе ве интересира

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“