05 Мај, 2024
0.0238

СИНДИКАТОТ ПРЕДУПРЕДУВА: Сите газди што сега незаконски ќе ги намалат платите на работниците, ќе бидат тужени

Објавено во: Економија 16 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија не се согласува со соопштението на Министерството за труд и социјална политика и толкувањето на Законот за работните односи, а со кое директно се влијае и се придонесува за намалување на платите на работниците во одредени дејности.

„Укажуваме дека согласно член 12, ст. 3 од Законот за работните односи „Со договорот за вработување, односно со колективен договор може да се одредат правата, кои за работниците се поповолни, отколку што ги определува овој закон“. Оттука, кога со колективен договор се утврдени поповолни права за работниците (ОКД за приватниот сектор се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор), работодавачите од приватниот сектор не можат да го применуваат член 112, ст.7 од Законот за работните односи во услови кога со член 18, ст.1 и ст.3 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството се уредени поповолни права за работниците“, пишуваат од ССМ на својата фб страница.

Сите работодавачи кои ќе го применат само член 112, ст.7 од ЗРО и спротивно на член 18, ст.1 и ст3 ги намалат платите на работниците, во наредниот период по надминување на кризата ќе бидат утужени, со оглед на тоа што паричните побарувања од работен однос застаруваат во рок од три години од денот на настанувањето на обврската.

Дополнително укажуваме дека за толкувањето на поимот виша сила, одлуки на Владата на Република Северна Македонија, со кои целосно се забрани работата на правните субјекти во одредени дејности, а заради спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД – 19, не претставуваат виша сила како што е наведено во соопштението.

Во прилог ги доставуваме и членовите од Законот за работните односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството за да биде појасно, од кои причини е нашата реакција.

Согласно член 105 од ЗРО, „Работникот има право на заработувачка - плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување“.
Согласно член 112, ст.7 од ЗРО „Ако работникот не може да ја врши работата поради виша сила, има право на половина од платата, на која инаку би имал право, ако би работел “, а според ст.10 „Во случај на прекин на работниот процес од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му издаде решение и да му плати 70 отсто од платата за период до три месеца во тековната година“
Согласно член 12, ст. 3 од ЗРО „Со договорот за вработување, односно со колективен договор може да се одредат правата, кои за работниците се поповолни, отколку што ги определува овој закон.“
Согласно член 115 од ЗРО „ Паричните побарувања од работен однос застаруваат во рок од три години од денот на настанувањето на обврската.“

Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството
Член 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството предвидува дека „Овој колективен договор се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор.“
Согласно член 15, ст.1 „Работникот има право на заработувачка - плата, согласно со закон, колективен договор и договор за вработување.“
Согласно член 18, ст.1 „ Работодавачот кај кого настанале потешкотии во работењето, врз основа на изготвената програма со која се обезбедува надминување на настанатите проблеми врз основа на согласност од синдикатот може да утврди отстапување од пресметковната вредност за единица коефициент за најниска група на сложеност, со тоа што намалувањето на пресметковната вредност за единица коефициент за најниска група на сложеност не може да изнесува повеќе од 20 отсто и не може да трае подолго од 6 месеци.“, а согласно ст.3 од истиот член „Работодавачот е должен на работниците да им изврши исплата на разликата меѓу пресметковната вредност за единица коефициент за најниска група на сложеност за одделни групи на сложеност и помалку исплатената плата во смисла на ставовите 1 и 2 на овој член, во рок од 6 месеци по надминувањето на тешкотиите“.
Согласно член 32 „ Надоместокот на плата на работникот за време на прекин на работниот процес од деловни причини изнесува 70 отсто од неговата плата за период до 3 месеци во тековната година.“
Согласно член 39 „ Со колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на работодавач се уредуваат причините, условите и постапката за воведување на привремен принуден одмор.“

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години