СИТЕ ЧЕКААТ ДА ВИДАТ НА КОЈ МУ ПАДНАА ФУНКЦИИТЕ: Урсула го има тимот со нови европски комесари
Објавено во: Свет 09 Септември, 2019
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен , која во ноември ќе го преземе водството над извршната власт во Брисел, го составила тимот од комесари кои ќе ги извршуваат најзначајните функции во таа институција во наредните пет години.
Се знае дека на листата која таа ја предлага е поранешниот италијански премиер Паоло Џентилони, на пример, но други имиња засега не се откриваат.
Фон дер Лејен, која ќе го замени Жан Клод Јункер, скоро да постигна совршена родна рамноправност во идната ЕК, во која ќе има 14 мажи и 13 жени.
Велика Британија која би требало да ја напушти ЕУ на 31 октомври, не одредила свој кандидат.
Од Комисијата е најавено дека Фон дер Лејен ќе соопшти детали кој ќе биде во Комисијата која во наредните пет години ќе предлага закони и ќе го следи нивните спроведување во европскиот блок.
Нејзиниот тим мора прво да добие одобрение од Европскиот парламент.