Сите детали за новиот наплатен систем во автобусите на ЈСП
Објавено во: Економија, Стил 27 Јануари, 2016 17:29
Од ЈСП информираат дека билетите за едно возење, повеќе не се продаваат во билетарниците, бидејќи истите можат да се купат во самото возило.
Што се однесува до картичките за електронска наплата, Од ЈСП информираат дека самите картички чинат 150 денари за неперсонализираната и 200 денари за персонализираната без впишување на билет на истите.
Овие картички имаат важност од минимум 4 години, се до нивно евентуално оштетување.
Овозможени се и две гратис возења за секоја купена неперсонализирана картичка. Со следното надополнување, граѓанинот не ја плаќа повторно картичката, туку само ја надополнува со парични средства. Со валидирање на картичката, самиот валидатор покажува уште колку средства се останати односно у ште колку возења може да се остварат (во зависност од типотна билет). Износот кој може да се надополни на билетите се движи од 100 до 6.000 денари, велат од претпријатието.
Оттаму посочуваат дека месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети, се впишуваат исклучиво на персонализираните картички, а надополнување со средства и купување на билет со десет возења, може да се направи на двата типа на картички.
Исто така, картичките задолжително треба да се валидираат на валидаторите, без разлика дали станува збор за бесплатен студентски, ученички или билет за возрасната категорија на граѓани.
Услугите на бесплатните билети за возрасната група на граѓани (над 62 год за жени и 64 за мажи) можат да ја користат жителите на Скопје, со вадење на персонализирана картичка, а услугите на бесплатни билети за студенти можат да ги користат исклучиво редовните студенти од државните универзитети, кои имаат студии исклучиво во Скопје.
За добивање на овој билет, студентите се должни да достават потврда од редовен студент од матичниот факултет, да понесат индекс и лична карта и да ги поднесат во најблискиот инфоцентар. Доколку некој имал извадено персонализирана картичка пред 01.01.2016, за да го добие новиот билет ќе мора повторно да ја донесе бараната документација, за билетот да му биде впишан на веќе постоечката картичка, велат од ЈСП.
Можеби ќе ве интересира
Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?




