СЈО: Зафировска, Костова, Вангеловски и Лаличиќ му давале информации на Груевски и УБК
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2018
Специјалното јавно обвинителство необјавени прислушкувани разговори ги сублимираше во посебен извештај за тоа како се местел изборот на судии, а со прст покажа на Александар Зафировска, Светлана Костова, Јово Вангеловски и Софија Лаличиќ, објави Телма.
Во извештајот судиите се наведени дека оддавале информации од судот и го известувале тогашниот премиер Никола Груевски за изборот на судии, како и до Управата за безбедност и контраразузнавање, која тогаш беше управувана од директорот Сашо Мијалков.