26 Април, 2024
0.0331

СКАНДАЛ НА ВЕКОТ ВО АМЕРИКА: Афера со колешка го натерала Бил Гјетс да се повлече од Мајкрософт?

Објавено во: Свет 17 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Во 2020 година, членовите на Управниот одбор на Мајкрософт побараа основачот на компанијата Бил Гејтс да ја напушти својата позиција во Бордот, поради истрагата за аферата што ја имал со вработена во Мајкрософт, пишува Волстрит журнал и пренесува Хафингтон пост.

Списанието, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, во неделата објави дека компанијата ангажирала адвокатска фирма за да ги испита наводите, бидејќи софтверскиот инженер во 2019 година напишал писмо во кое ги опишувал односите меѓу Гејтс и една жена вработена во „Мајкрософт“. Компанијата потврди дека се случила ваква истрага, но тие досега не спомнаа дека на Гејтс му било препорачано да ја напушти својата позиција во „Мајкрософт“.

„Мајкрософт е свесен за писмо во кое се тврди дека Бил Гејтс се обидел да воспостави интимна врска со вработена во компанијата во 2000 година. Управниот одбор ги разгледа овие обвинувања, со помош на адвокатска канцеларија и спроведе темелна истрага. Преку овој процес, Мајкрософт обезбеди поддршка за предметниот вработен".

Гејтс поднесе оставка од Управниот одбор во март 2020 година, велејќи дека е „време да се посветиме на филантропија“.

Во изјава за журнал, портпаролката на Гејтс потврди дека „имало афера пред 20 години што завршила спогодбено“ и инсистирала на тоа дека нема никаква врска со оставката на Гејтс.

- Неговата одлука за повлекување не е поврзана со ова. Тој веќе неколку години сака повеќе да се посвети на филантропијата - рече таа.

Овие извештаи фрлаат ново светло на однесувањето на Гејтс во средината на приказната за неговиот развод. Бил и Мелинда Гејтс, кои се во брак 27 години, објавија дека се разведуваат претходно овој месец, велејќи дека „не веруваат дека можат да се развиваат како пар во следната фаза од нивниот живот“.

Во написот објавен во неделата, Њујорк Тајмс пишува дека Гејтс имал „репутација“ во Мајкрософт, кога станува збор за „сомнително однесување“ во близина на жени. Цитирајќи луѓе кои биле запознаени со ова, „Тајмс“ пишува дека Гејтс „брка“ вработени жени, а еднаш, по презентацијата, тој поканил своја колешка на вечера по електронска пошта.

„Ако не ви е пријатно, преправете се дека тоа не се случило“, напиша тој во е-поштата прочитана за „Тајмс“.

Њујорк Тајмс изнесе и повеќе детали за контактот на Гејтс со Џефри Епштајн, засрамен финансиер кој е обвинет за мамење малолетници. Во 2019 година тие објавија приказна дека Гејтс летал со Епштајн со приватен авион и дека ги посетил „настаните“ на имотот на Епштајн, што наводно ја присилило Мелинда Гејтс да се обрати до адвокат за развод

„Тајмс“ додава дека деталите во неговата приказна биле вест за Мелинда Гејтс. Бил Гејтс не беше обвинет за ништо, кога станува збор за Епштајн, а тој подоцна изјави дека му е „жал“ што е во контакт со него. Портпарол на Гејтс изјави дека Гејтс се состанал со него „исклучиво во врска со филантропијата“.

Џефри Епштајн се уби во затвор во 2019 година.


Извор: еспресо.рс

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни