СКАНДАЛ ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ: Морган Стенли ја измамил ЕЦБ?
Објавено во: Финансии, Свет 20 Февруари, 2024
Американската банка Морган Стенли создаде фиктивна позиција во Франкфурт со годишна плата од 375.000 евра за да ги исполни насоките на Европската централна банка.Целата работа ја разоткри Фајненшл Тајмс (ФТ) повикувајќи се на анонимни извори.
Имено, по Брегзит, европските власти препорачаа меѓународните банки да управуваат со своите европски операции не од Лондон, како што беше случајот кога Велика Британија беше во Европската унија, туку од земјите кои го задржаа членството во ЕУ.
Неименуваниот банкар неодамна пред судот во Франкфурт сведочеше дека во април 2021 година добил позиција во канцеларијата на банката во Франкфурт како директор за „трговски операции со кредитни инструменти“ со годишна плата од 375.000 евра. Високите менаџери доверливо го информирале дека функцијата главно постои само на хартија и го советувале да не ја „спомнува активно својата позиција“ во јавноста.
Името на банката не беше откриено на судското рочиште, но ФТ јавува дека се работи за Морган Стенли. Американската банка го оспори гореспоменатото сведоштво пред судот, а Морган Стенли и Европската централна банка сè уште официјално ги немаат објавено своите ставови за оваа ситуација.
Б92