СКЕНДЕР РЕЏЕПИ ОД АЛТЕРНАТИВА: Ако добиеме датум и се оди како што треба, ова мнозинство ќе истера до 2024 година
Објавено во: Македонија 08 Декември, 2021
Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи Зејди синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека очекува мнозинството во Влада да трае до 2024 година.
„Ако оди се како што треба, ако успееме да добиеме датум, тогаш ќе се фокусираме на крупни реформи, во борба против корупцијата, проекти во економијата, владеење на правото, и во тој случај не гледам причина зошто би требало да има предвремени избори и ова мнозинство ќе го истера цел мандат, до 2024“, истакна Реџепи.