05 Мај, 2024
0.0249

СКОПЈАНЕЦ ВО КАТАР: Дојдов заради промена, искуство и нормално повисока заработка

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

24 годишниот Филип Штаклев од Скопје веќе три години работи во една од најбогатите земји на светот, Катар и за читателите на Фактор раскажува како е да се работи во оваа далечна земја.

Штаклев по вокација е геодет со завршено средно стручно училиште, но во Катар работи нешто сосема друго. Вели дека во Катар е лесно да се најде работа, може да се напредува,  а катарските работодавци иако звчу расистички, сепак сакаат бели луѓе, односно оние работници кои потекнуваат од Европа за нив се кадар кој сакаат да го задржат.

„Скоро 3 години сум тука,  лета времето,  како вчера да беше кога дојдов и бев цел збунет. Работам во хотел Ritz Carlton, започнав како спасител на плажа, а скоро бев унапреден во „Агент за гости".Да бидам искрен не ми беше воопшто планирано, тогаш одев во средно сèуште. Бев неколку месеци пред завршување, а понудата ја добив од Црвен Крст на Македонија. Дојдов заради промена, искуство и нормално повисока заработка“ – вели Штаклев.

Овој млад човек вели дека може солидно да се работи во Катар, со оглед на тоа што платите се од 600 евра па нагоре.

„Зависно од која позиција од 600евра па нагоре, со оглед на тоа што сè е платено од компанијата. Тука според закон компанијата која те повлекува мора да ти обезбеди сместување, превоз од и до работа, храна и авионска карта.Ценат услуга за тоа најдобро знам затоа што работам во хотел. На сопствениците и менаџерите им е многу важно гостинот да замине среќен од хотелот, па затоа и имаме редовни тренинзи за услуга и комуникација со VIP гости.Искрено многу е поразлично од нашиот менталитет и тоа како ние живееме,  но сепак би ги советувал сите што имаат можност да дојдат и да искусат нешто поразлично и да стекнат ново искуство во животот“ – раскажува Штаклев.

Засега неме точно дефинирани планови каде себе си се гледа во иднина, дали ќе се врати во земјава или останува во странство.

„Многу пати сум размислувал на таа тема кога ке ме фати носталгија за дома, но сепак во скоро време не ми е во план да се вратам за понатаму ке видиме како ке се одвиваат работите“ – вели тој.

Во споредба со другите арапски земји, Катар со години е во многу подобра економска состојба, а тоа се гледа и со ниската стапка на невработеност која достигнуваше и до 0.4%, или 0.6%.

Во вториот квартал од 2017 година невработеноста им е 0.10%. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји