06 Мај, 2024
0.0227

Скопјанец на грепка доби автомобил

Објавено во: Стил 24 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

На скопјанец му се насмевнала среќата, па на инстант лотарија „Твингоманија" добил Рено Твинго.

Тој сфатил дека е добитник по неколку инстант лозови Детелинка, Твингоманија , Смајли, 7-ма Брзина и Среќни коцки од среќното место на Државна лотарија , лоцирано во Капитол Мол. Инстантите ги одбрал сам , а токму ТВИНГОМАНИЈА, била најсреќната за него .

Среќата му се насмевнала, во моментот кога ги здогледал трите заштитни знаци на RENAULT , сфатил дека ќе добие нов автомобил , РЕНО ТВИНГО, кој планира да и го подари на својата ќерка.

Денес, тимот на Државна лотарија на Македонија , му ги предаде клучевите пред Капитол Мол во скопски Аеродром , во присуство на верни играчи на игрите на среќа , кои во моментот беа на продажното место на Државна лотарија.