Скопјани дале 3,5 милиони евра за „вечен живот“
Објавено во: Финансии 22 Октомври, 2019
Двете акционерски друштва во Скопје кои работат на одржување на гробиштата во Бутел, Ѓорче Петров, Драчево и Камник, како и на погребалниот сервис оствариле 3,5 милиони евра приходи минатата година, покажуваат финансиските извештаи за 2019-година.
Погребниот сервис АД Бутел остварил 112,13 милиони денари за своите услуги при организацијата на погребите, а добивката која ја прикажува изнесува 5 милиони денари. Претпријатието кое пак ги оддржува гробиштата остварило приходи од 93,12 милиони денари и пријавува загуба од 7,6 милиони денари.
Двете претпријатија се основани од Град Скопје, а функционираат како акционерски друштва чии хартии од вредност не котираат на берзата.