06 Мај, 2024
0.0239

Skopje City Mall прославува 5 години - Роденден за 5

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

По повод петтиот роденден на Skopje City Mall, денес се одржа прес-конференција на која претставници на менаџментот од трговскиот центар на медиумите им го претставија досегашното работење, идните планови, како и деталната роденденска програма.

Генералниот директор на Skopje City Mall, Ебру Радевски, на прес-конференцијата ги истакна досегашните достигнувања на трговскиот центар, како и ги најави новитетите кои ќе се случуваат во иднина.

“Skopje City Mall како регионален шопинг центар е во плановите на сите големи светски брендови кои сакаат да отворат своја продавница и во Македонија и како такви најпрво се заинтересирани за простор токму тука. Во Skopje City Mall моментално има 175 закупци, а годишно се заинтересирани повеќе од 200 брендови за отворање на своја продавница. Токму затоа во идните планови ни е зацртано проширување на нашите капацитети за да ги задоволиме нашите заинтересирани клиенти во нивните барања.” – изјави г-ѓа Ебру Радевски.

На прес-конференцијата беше соопштено дека Skopje City Mall од ноември 2016 е дел од Хајстед Лимитед, кој е водечки специјализиран фонд за трговски центри и работи портфолио на шопинг центрите во Југоисточна Европа. Хајпроп Инвестментс Лимитид (REIT рангирани на JSE) поседува 60% од акциите во Хајтсед и ПДИ-компанија која ја застапува Луј Норвал, ги поседува останатите 40% од акциите. Хајстед поседува четири трговски центри во Југоисточна Европа, “Delta City“ Подгорица (Црна Гора) со 23.718м2, “Delta City“ Белград (Србија) со 27.693м2 , “Skopje City Mall“ Скопје (Македонија)  со 36.999м2 и “Мол“ во Софија (Бугарија) со 52.000м2.

Стратегијата на Хајстед е да поседува висококвалитетни трговски центри на пазарите во развој, кадешто таквите средства може да се стекнат или развијат со атрактивни приноси. Трговските центри на "Хајстед" доминираат во однос на просечната големина, а со тоа привлекуваат нови концепти и водечки продавници и ги прават нашите центри најпосакувани локации за локални и меѓународни брендови. Структурата на компанијата обезбедува цврста основа за извршување на нашата стратегија, со способни и искусни тимови и практичен пристап кој ни овозможува ефикасно управување со нашите средства за да се постигне тековен приход и раст на капиталот.

Според Дарко Панчевски, претсавник од маркетинг секторот, Skopje City Mall секогаш како и до сега, ќе продолжи да се грижи за своите потрошувачи и закупци. 

“Ми претставува навистина чест и задоволство што сум дел од еден ваков голем објект, кој во изминатите години успеавме да го направиме регионален лидер кога се работи за шопинг центрите. Од денот на отворањето па се до денес низ молот поминале повеќе од 35.000.000 посетители, сме организирале и поддржале повеќе од 330 хуманитарн проекти и настани, повеќе од 220 кампањи, 12 музички концерти, 4 модни шоуа, како и 4 интернационални патувачки настани. Сето ова ме прави максимално горд и ми дава предизвик за наредниот период. За роденденот обезбедивме богата роденденска програма за сите посетители на Skopje City Mall, каде ќе имаат возбудливо шопинг искуство од 6ти до 8ми октомври со попусти до -50%. На 7ми октомври (сабота), трговскиот центар ќе работи до полноќ каде ќе делиме и бесплатни коктели со секоја сметка над 500 денари, а вечерта ќе се одржи ултра-спектакуларен концерт Хит за 5, со многу познати пејачи и групи од македонската естрада кои ги одбележаа 90тите години. Организираме и модна потрага кадешто актерите Тино и Атанас ќе ги бараат стилски најдобро облечените во женска и машка категорија, а ќе ги оценуваат Александар Биљановски-ДАДАР, Сретен Костиќ, Сергеј Варошлија, Марија Илиќ, Андреј Папаз и Елена Стефановска. За крај на вечерта ќе настапи и еден од најголемите диџеи на денешницата, DJ James Zabiela. Како и секогаш, така и овојпат не ги забораваме и нашите најмали посетители, односно на 8ми октомври организираме Семеен ден со настап на Петко и бендот 5+.” – изјави Панчевски.

Она коешто со посебен интерес ја ја привлече јавноста е ретро забавата Хит за 5 од 90-те години, каде после долги години Skopje City Mall и Мартин Трпчевски успеаа да ги соберат на сцена изведувачите кои имаат оставено голем белег на музиката.

“Навистина ми е многу драго што успеавме во реализација на овој проект, да ги собереме сите македонски изведувачи кои својата слава ја доживеаа во 90тите години, а дел од нив веќе долго време не се на сцената. Ве повикувам сите да дојдете на 7ми октомври во Skopje City Mall заедно да запееме со Дарио, Угро, Пере Нокаут, Искра Трпева, Тамара, Александар Митевски, Гиш, Фиц Студени нозе, Верица Пандиловска, Ристо Самарџиев, Ребека, Peace Brothers, како и многу други. Ве очекуваат и неколку изненадувања. ” – изјави Мартин Трпчевски.

Од Skopje City Mall ги повикуваат сите да дојдат од 6ти до 8ми октомври во трговскиот центар, да уживаат во богатата програма и заедно да го прослават 5от роденден на нашиот најголем трговски центар.


Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ