07 Мај, 2024
0.0253

СКОПЈЕ ГРАДЕЖЕН МАГНЕТ: Во која општина најмногу се гради?

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Скопската општина Карпош во јули годинава беше најатрактивна локација во земјава за инвестирање во станбени згради со предвидени за изградба 74 станови со вкупна површина од 4.520 квадрати.

Дека главниот град останува магнет за купувачите на нови станови потврдуваат последните статистички податоци. Од вкупно 210 станови, колку што беше предвидено да се изградат низ цела Македонија, според градежните дозволи издадени во јули, дури 120 се во Скопје со вкупна корисна површина 9.482 квадратни метри.

Од другите скопски општини, градежниците се многу заинтересирани за локации во општина Кисела Вода, каде во овој период се градат 14 станови со вкупна површина од 1.279 квадратни метри. Во Скопскиот регион, градежната механизација беше активна и во општините Гази Баба и Илинден. Во нив, во јули беа издадени градежни дозволи за изградба  на по нови 11 стана. Интересен е податокот дека во овој месец не е издадена ниту една градежна дозвола на територијата на општините Аеродром и Центар, кои вообичаено се многу барани од градежните инвеститори. Но, затоа, во овој период се градат пет стана во Сопиште, два во Чучер Сандево, и по еден во Бутел, Ѓорчр Петров и во Петровец.

На државно ниво, по Карпош и другите скопски општини, најмногу станови се предвидени да се градат во Струга, вкупно 22 станови, во Прилеп и во Штип по 8 станови, во Тетово 6, а во Велес 5 станови.

По Скопскиот регион, во јули најмногу станови се градат во Југозападниот регион, во кој се издадени одобренија за градба на 32 станови.И во Полошкиот регион не беше мирно на градежните локации, таму е одобрена изградбата на 19 станови. Во Пелагонискиот и во Источниот регион се градат по 11 станови. Градежните машини имаа помалку работа во Југоисточниот и во Североисточниот регион, каде се издадени одобренија за градба за само по 6 станови, а Вардарскиот регион се градеа само пет стана, сите во Велес.

Од аспект на квадратурата, инвеститорите се првенствено заинтересирани за изградба на двособни станови (55), но не заостануваат и трисобните (41) и четирисобните станови (48). Статистиката евидентира и изградба на 29 еднособни, 17 петособни и 15 шестособни станови. Во изградба се и 5 седмособни станови, по еден во Штип, Кичево, Кривогаштани, Желино и Теарце. Во овој месец не е забележана изградба на ниту еден стан со осум и повеќе соби.

Во Скопје најбројни се двособните станови (26), а по нив се трособните (26) и четирисобните (27). Потоа се еднособните (20), па шестособните (8). Со пет соби се градат само три стана.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката