20 Декември, 2025
0.0575

Скоро 60 000 Македонци емигрирале трајно во ЕУ за четири години

Објавено во: Економија 01 Февруари, 2016 16:09

Добивај вести на Viber

Скоро 60 000 Македонци емигрирале трајно во ЕУ за четири години од 2010 година до 2013 година во однос на вкупно два милиони население во земјата, покажуваат податоците на Евростат, цитирани од Balkan Insight.

Нивниот број изнесува колку популацијата на петтиот најголем град во земјата - Тетово. Вкупно 58 713 Македонци добиле дозвола за престој или државјанство во држави од ЕУ.

Мнозинството од нив заминале во Италија, а главните причини за добивање на дозвола за престој се семејни и едукативни.

„Вистинскиот број на луѓе кои емигрираат кон ЕУ може да е многу повисок, бидејќи нема податоци за Македонците, кои се упатуваат кон други земји со бугарски пасоши, често добиени од посредници“, забележува медиумот.

„Бугарија одамна тврди дека Македонците се најбројни меѓу странците за поднесување на молби за бугарско државјанство“, продолжува во текстот. Населението на земјата е 2,1 милиони според последниот попис од 2002 година.

Поранешниот директор на Националната служба за статистика Дончо Герасимовски коментира дека институциите откриваат само мал број од емигрантите - оние кои официјално прогласуваат дека одат да живеат во странство.

„Иако традиционално сме народ со висок процент на емигранти, во последните неколку години младите луѓе, кои си замнуваат од економски и социјални причини, стануваат се повеќе“, забележува Герасимовски пред Balkan Insight.

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија