14 Мај, 2024
0.0308

Слаб кориснички раст забележува „Twitter“

Објавено во: Стил 31 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

„Twitter“ ги објави финансиските резултати од работењето во текот на вториот квартал на годината, како резултат на што цената на акциите на компанијата падна поради загриженоста за забавување на растот на нови корисници.

Приходите за периодот биле 502 милиони долари, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите за 481,28 милиони. Во наведениот период компанијата предвидува 304 милиони активни корисници месечно, што е едвај 1% повеќе отколку во претходното тримесечје, и со 12% повеќе на годишна основа.

Активни корисници на мобилни уреди претставуваат 80% од вкупниот број, како што беа и во претходниот период. 88% од приходите на „Twitter“ се од мобилни рекламирања. Во овој квартал компанијата очекува приходи во износ меѓу 545 и 560 милиони долари.