20 Декември, 2025
0.0497

Слаб старт, добар финиш?

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2016 07:55

Добивај вести на Viber

За почетокот на оваа година може да се каже дека беше најлошиот старт на првиот календарски месец откога се објавуваат дневните берзански податоци.  Дури и на месечно ниво, овој јануари се доближи до историски најслабите месеци, земајќи предвид дека е месец со најлоши перформанси од 2009 година наваму. Меѓутоа, доколку ги разгледаме дваесетте најлоши месеци во периодот од 1987 година до денес, во однос на приносите кои биле остварени во месеците кои следеле по нив, можеме да се надеваме дека доаѓаат далеку подобри времиња.  Во најголем дел од случаите, наредните месеци биле со позитивни приноси. Па така, просечниот годишен принос, во периодот по негативната корекција, изнесувал 15% (говориме се разбира за американскиот пазар на хартии од вредност). Да ги разгледаме и причините за нестабилноста на берзите. Во моментов, на светско ниво владее голема несигурност во однос на состојбата на кинеската економија. Податоците, кои инаку се многу оскудни, предвидуваат понатамошно назадување во нивниот производствен сектор. Состојбите во кинеската, па и во глобалната економија во целина, најсилно се одразуваат врз цената на нафтата. Пониската цена навистина дава позитивен импулс преку намалените трошоци за компаниите и населението како крајни потрошувачи, меѓутоа во овој случај континуираниот пад на цената на нафтата сигнализира дека економскиот раст забавува. Актуелните проблеми и изразената глобализација набрзина нѐ префрлија во пониска брзина. Како и да е, по стивнувањето на општата берзанска паника, инвеститорите започнаа повторно да ги анализираат пазарите од малку поинаква гледна точка. Ако ја погледнеме кинеската потрошувачка на нафта, можеме да видиме дека таа лани се зголемила за 8,9%, а дневната потрошувачка изнесувала 6,6 милиони барели. Личната потрошувачка во Кина во последната декада растела со повеќе од 10% на годишно ниво, што е многукратно повеќе во однос на развиените земји. Минатата година нивниот бруто домашен производ во однос на куповната моќ пораснал за 1 милијарда долари. Пред само десетина години сите овие бројки биле двојно пониски. Факт е и дека кинеската економија е сѐ повеќе пазарно ориентирана. Референтната каматна стапка, која ја игра клучната улога за регулирањето на парите во оптек, започна слободно да се формира, што е причина за бројни потреси. Интензивната капиталистичка економија е во процес на трансформација кон потрошувачко општество, што предизвикува низа шокови, кои пак поради сѐ поизразената глобализација се распространуваат низ целиот свет. Останува фактот дека после ваквите драстични падови, пазарите уште некое време ќе бидат волатилни. Меѓутоа, за понатаму не постојат причини за целосно повлекување кон поконзервативни вложувања, бидејќи одредени компании и пазари се веќе исплатливи за вложување.  Вредностите на одделни акции се чинат релативно поволни, а нивната перспектива за раст позитивна. Претпазливоста останува како водич и во следните недели, бидејќи црните облаци сеуште не се разотидени. Некои долгорочни вложувања меѓутоа, коишто се во моментот актуелни заради идните трендови, може постепено да се додаваат во портфолијата. Пишуваат: експертите на КД Фондови, КД Фондови, повеќе од штедење

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија