18 Мај, 2024
0.0357

Славјанка Петровска не демантира дека и воени хеликоптери и се донирани на Украина

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Славјанка Петровска, министерката за одбрана, не сакаше да потврди, но ниту демантираше дека Македонија и ги донирала и воени хеликоптери МИ-24 на Украина како воена помош во нападот од Русија.

Во претходните три одлуки за воена помош на Украина само медиумски беше известено дека се донирани тенкови “Т-72“ и авионите “Су-25“. Петровска додава дека нема да се откриваат детали ниту за четвртиот пакет на воена помош кој се подготвува за Украина.

„Самата одлука не треба да се скрие, а одлуките ги класифициравме заради сензитивноста бидејќи нема потреба непријателот да знае за деталите, заради практичност, прагматичност и безбедност. Кога ќе видиме дека нема безбедносен ризик, тогаш нема да има проблем да објавиме. Со донациите не се нарушува нашата борбена готовност.“, рече Петровска во „Студио 10“ на ТВ24.

Македонија во 2001 година од Украина купи 12 борбени хеликоптери “Ми-24“ (наречени “летечки тенкови“) од кои неколку потоа ги модернизираше за ноќно летање преку израелската фирма “Елбит“.

Во Армијата се прават планови за замена на хеликоптерите со постепена транзиција на транспортните хеликоптери од руска (источноевропска) на западна платформа, односно да се набавуваат хеликоптери од американски или западноверопски производители. Процесот би се одвивал во фази, а не одеднаш да се заменат стари со нови летала.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8