Словачка ја почитува политичката зрелост на Скопје

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2019
Министерството за надворешни работи и европски прашања на Словачка го честиташе усвојувањето на измените кои се однесуваат на преименување на земјата во Република Северна Македонија.
Словачка порача дека ја почитува политичката зрелост на Скопје и силниот интерес на земјата да ја искористи можноста за решавањето на 27-годишниот спор за името, се наведува во соопштението.
„Одлуката на македонското Собрание ќе има позитивно влијание на билатералните односи и ќе донесе корист во целиот регион во југоисточна Европа“, информираше словачкото министерство, пренесе ТАСР.
Министерството заклучува дека решението го отворило патот на Скопје да го забрза процесот во приклучувањето на Северноатлантската алијанса.
Словачка верува дека и грчкиот парламент ќе го ратификува преспанскиот договор, инаку договорот не би бил валиден, наведе словачката агенција.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Eден ден по пуштањето најбрзиот воз им се расипа

Венецуела ја тресе политичка но и економска криза, Мадуро не прифаќа американска помош и покрај гладот на граѓаните

Стотици заболени и хоспитализирани во Монголија по јадење во локалниот ресторан KFC

Река мигранти тргна кон Европа, ги запре ли некој?

Знаете ли која е најопасната туристичка дестинација во Европа?

Поради Гибралтар се засилија тензиите меѓу две земји

Има ли место за пресврт: Тереза Меј се враќа во Брисел да преговара за Брегзит

Прва држава во светот каде јавниот превоз станува бесплатен
