Добивај вести на Viber
Словенија е првата земја во регионот според исполнувањето на стандардите за квалитетот на услугата на продажните места, пренесе Танјуг осврнувајќи се на истражувањето што компанијата Хераклеа го спровела во соработка со агенциите за тајно купување.
Со ова Хрватска годинава ја изгуби лидерската позиција и заврши на второ место. По нив следуваат Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Истражувањето било спроведено во сите 6 земји од поранешна Југославија од 17 мај до 22 јуни. Тајните купувачи посетиле 800 објекти, од авто-салони, угостителски објекти, банки, па се до малопродажни објекти и супермаркети.
Притоа се оценувале пет основни елементи на добра услуга, како поздравот, утврдување на потребата на купувачот, претставување на производот, нудење на дополнителен продизвод и благодарност за посетата.