СЛУЧАЈ ОД СОСЕДСТВОТО: Им ставила отров во кафето на колегите
Објавено во: Балкан 28 Април, 2018
С.Н.(41) работничка во Србија вработена во земјоделско-советодавна стручна служба во Колари, град близу Смедерево е уапсена поради сомневање дека на колегите им ставила отров во кафето, пишуваат српските медиуми.
Жената немала конкретна мета, туку целта биле сите колеги. Сакала да им се одмазди бидејќи наводно таа била предмет на озборување во фирмата.
Таа им ставила инсектицид во кафето кој во помали количини може да биде смртоносен. Сепак дозата која таа ја ставила во кафето не била смртоносна.
Кафето, делумно го испиле тројца – двајца гости и еден вработен кои потоа се лекувале во болница.
Жената се сомничи за кривично дело „убиство во обид“.