05 Мај, 2024
0.0256

Со кои пет земји Македонија лани најмногу тргувала?

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Во периодот јануари − декември 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република  Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република  Македонија, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 360 505 356 илјади денари и бележи пораст  од 16.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари −  декември 2018 година изнесува 471 904 422 илјади денари, што е за 12.3 % повеќе во споредба со истиот период од  претходната година. 

Трговскиот дефицит, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 111 399 067 илјади денари.  Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 76.4 %.  Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со  благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или 
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи  го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). 

Во увозот  се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата  добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик,  неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. 

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години