Со „мерцедес“ прегазил 10-годишен велосипедист во Гостивар
Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2020
Вчера во 13.30 часот било пријавено дека во Гостивар на улица„101“, Џ.Ш.(50) од Гостивар, управувајќи патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, удрил во велосипед, управуван од 10-годишник од Гостивар, објави МВР.
Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа екипа од Полициската станица Гостивар.