05 Мај, 2024
0.0242

Со пари од ЕУ кај ранливите заедници ќе се крева свеста за трговијата со луѓе

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во ЕУ Инфо центарот се обележа Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе и се претстави почетокот на Кампањата за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе, со посебен фокус на трговијата со луѓе за сексуална и трудова експлоатација и за детски бракови како ризик за појава на трговија со деца.

Нашата земја се смета за земја на потекло, транзит и крајна дестинација за жртви на трговија со луѓе, а недостигот на свест и информираност во однос на ризиците поврзани со миграција и достапните заштитни мерки помеѓу ранливите категории е сеприсутен.

Кампањата се спроведува во рамките на проектот “Зајакнување на националните капацитети во областа на азилот, миграциите и трговијата со луѓе ” кој е финансиран од Европска Унија а е имплементиран од страна на Меѓународната Организација за Миграции – ИОМ во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

Целта на оваа кампања е сензибилизирање на широката јавност и медиумите, како и високо-ризичните категории, за ризиците поврзани со миграција, со фокус на трговијата со луѓе, и подобрување на свеста за опасностите кои произлегуваат од истите, како и информирање за начини на кој може да се пријави експлоатација и да се побара помош.


Официјално обраќање на прес конференцијата имаа:

-  Г-дин Никола Бертолини – Раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија,

-  Г-ѓа Магдалена Несторовска – Државен секретар при Министерството за внатрешни работи и Национален Координатор на Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција,

-  Г-ѓа Јована Тренчевска – Државен секретар при Министерството за труд и социјална политика,

-  Г-ѓа Соња Божиновска Петрушевска – Раководител на канцеларијата на Меѓународната организација за миграции - ИОМ Скопје.

По официјалното обраќање следеше презентација на информативното видео кое е дел на кампањата за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе.


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото