02 Мај, 2024
0.0250

Со шкампи и руско вино сѐ оди полесно: Путин во Кремљ го угостил Макрон со овие специјалитети

Објавено во: Свет 08 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Важната посета на претседателот на Франција кај рускиот колега Владимир Путин резултираше со конструктивен разговор кој траеше дури 5 часа, но со исклучителното мени со кое Макрон беше пречекан во Кремљ, се чини дека сè поминало полесно.

Имено, судејќи по фотографијата од менито која се појави на социјалните мрежи, Макрон бил пречекан со специјалитети од есетра (прилично голем вид на риба која ја има во Русија), јастог, специјално подготвени кисели јаболка, сето тоа со руско вино - Шардоне од 2015 година.

За Макрон во Кремљ е подготвено исклучително мени: јаболка со лангустини, стек од есетра и руско вино“, стои во соопштението. Во понудата има и равиоли од спанаќ, лова со сладок компир и сето тоа засладено со тарт со круши.


Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави синоќа дека во наредните денови ќе се водат разговори за новиот поредок на стабилност и безбедност во Европа, пренесе агенцијата ТАСС.

Макрон го нарече разговорот со Путин „суштински“.

Сега сите треба да најдеме мирен пат во Европа и пат на стабилност, сѐ уште има можност и време за тоа“, рече Макрон на прес-конференција.

Тој смета дека се потребни нови механизми за да се обезбеди стабилност во Европа, но дека тие не треба да се развиваат со ревидирање на постоечките договори.

„Потребно е да се изградат нови механизми кои би обезбедиле стабилност во регионот, но овие нови точки не можат да се изградат со ревидирање на договорите од последните 30 години и основни принципи или ограничување на основните европски права“, додаде тој.

Можеби новите безбедносни решенија во Европа треба да бидат поиновативни, изјави претседателот.

„Русија и Франција имаат различни ставови, тоа мора да се разбере и прифати“, рече Макрон.


фото: твитер


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?