01 Мај, 2024
0.0252

Со стечајот збришани и парите: Што ќе прави УЈП со побарувањето кон ТЕ-ТО

Објавено во: Економија 27 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Кога има стечај, даночниот долг се наплаќа пред надлежен суд, според законските правила за стечај. Од Управата за јавни приходи (УЈП) тврдат дека тие немаат многу што да направат со нивното побарување во гасната централа ТЕ-ТО. Според планот за реорганизација, поради стечајот, на УЈП ќе и се признаат само десет отсто од вкупното побарување во ТЕ-ТО. Гасната централа во март имала долг од 260.000 евра кон УЈП, сега по планот за реорганизација кој и судски е потврден и усвоен, УЈП ќе добие само 26.000 евра и тоа во два наврати во 2028 и во 2029 година. Со планот необезбедени се побарувањата и на други доверители, а долгот кон нив изнесува над 170 милиони евра. Најгласно се спротивстави Топлификација која има побарување од над 30 милиони евра. Моментно се води истрага за тоа дали има прекршувања во прогласениот стечај на ТЕ-ТО, како што тврди Топлификација. Сепак УЈП сама нема да превземе некои дејствија за нивното побарување оти постапката се води пред суд.

„Предметниот долг опфатен во Планот за реорганизација, потекнува од даночна пријава за ДДВ за даночен период кој се однесува за тековното работење на ТЕ-ТО АД Скопје пред отпочнување на претходната постапка за испитување на условите за отварање стечајна постапка и постапка за реорганизација, и  истиот е доброволно исполнет согласно одредбите од Законот за даночна постапка, поради  што се  доставени писмени известувања  преку Државниот правобранител до Стечајниот управник за понатамошно постапување. За сите дополнителни прашања обратете се до надлежниот стечаен управник задолжен да ја води стечајната постапка, изјавија од УЈП за Фактор

На прашањето дали ќе превземат дополнителни дејства, велат дека во случај на стечај исполнувањето на даночен долг се врши согласно Законот за стечај во постапка што се води пред надлежен суд, како што е предвидено во членот 26 од Законот за даночна постапка.

Фактор веќе пишуваше дека долга е листата на компании и институции на кои ТЕ-ТО им останал должен во времето кога е правен планот за реорганизација годинава. Сега, откако овој план и судски е прифатен, сите тие остануваат со празен џеб, затоа што согласно одредбите, долговите кон необезбедените доверители се бришат за дури 90 отсто. Она што е симптоматично е што во листата доверители на гасната централа во стечај се и државни институции. Во планот за реорганизација кој Фактор го има, стои дека заклучно со 1 март долгот на компанијата само кон Управата за јавни приходи (УЈП) изнесува над 16 милиони денари или над 260.000 евра. 


Тоа се пари кои УЈП нема да ги наплати воопшто односно од нив ќе земе само десет отсто или само 1,6 милиони денари (260.000 евра). Останува прашањето дали со планот за реорганизација на ТЕ-ТО за кој доверители веќе тврдеа дека е со низа пропусти не се злоупотребуваат и народни пари. ТЕ-ТО има долг и кон Водовод и канализација, МЕПСО, телекомуникациски компании, адвокати, нотари, осигурителни фирми.

УЈП всушност е во доверителите кои се со необезбедени побарувања. Кон сите нив, ТЕ-ТО должи речиси 170 милиони евра.

„За побарувањта на необезбедените доверители ќе се направи целосен отпис на сите камати, како законски казнени така и договорни како и отпис на главниот долг во висина од 90 отсто. Останатите десет отсто од главниот долг ќе бидат исплатени во текот на 2028 и 2029 година, односно после целосната исплата на обезбедените доверители и за нив не се пресметува никаква камата, стои во Планот за реорганизација на ТЕ-ТО.

Според ова, УЈП за долгот кој ТЕ-ТО го имал пред стечајот во вредност од 260.000 евра, во 2028 и во 2029 година ќе добие само по 13 илјади евра или вкупно 26.000 евра. Така ќе бидат обесштетени и сите други доверители кои се во класата необезбедени.


Од ТЕ-ТО реагираа на ставовите на доверителите со тврдење дека планот за реорганизација е изготвен според објективни критериуми, согласно сите законски процедури и дека предвидува рамноправен третман на сите доверители. Велат дека со планот за реорганизација, не само што не се оштетени доверителите, како што се тврди неосновано, туку напротив овозможува најдобра заштита на интересите на доверителите, поради што тие го поддржале со огромно мнозинство.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“