Со стотици илјади евра се опарија Пелистер, Галичица, Јасен, Водно, Матка, Преспанско....
Објавено во: Финансии, Мои пари 08 Јуни, 2018
Промовирани осум грантови од Европската унија за општини и Националните паркови за подобро управување со заштитените подрачја
Во Националниот Парк Пелистер беа промовирани осум големи грантисти на Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, вредна над 4 милиони евра, финансирана од Европската унија, имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Добитници на грантовите во висина од 250.000 до 350.000 евра се:
1. НП Пелистер – Зајакнување на капацитетите на паркот преку едукација на вработените и мониторинг
2. НП Галичица – Промоција, конзервација и мониторинг на биодиверзитетот
3. НП Маврово – Конзервација и заштита на ретки видови
4. Општина Дојран (Дојранско Езеро) – Обнова на екосистемот на Дојранско езеро
5. Општина Ресен (Преспанско Езеро и Езерани) – Подобрување на капацитетот на општина ресен за заштита и мониторинг на Преспанското Езеро и Паркот Езерани
6. Град Скопје (Матка, Водно, Сарај) – Промоција на природните вредности на комплексот Водно-Матка-Сарај
7. Јасен – заштита на разноликоста на природните вреднисти преку намалување на притисокот врз природата
8. Општина Струга, Охрид и Дебрца (Охридско Езеро, река Сатеска) – заеднички проект за итно подобрување на квалитетот на водата во Охридското езеро
„Веруваме дека овој проект ќе помогне да се заштити богатиот биодиверзитет на земјата и заштитените подрачја истовремено подобрувајќи ги и животите на луѓето. Европската унија продолжува да и помага на земјата во градењето на подобра иднина за нејзините граѓани“, изјави амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.
Во март, во рамки на истата програма, беа промовирани седумнаесет помали грантови, доделени на општини и граѓански здруженија кои добиа средства во висина од 50.000 до 100.000 евра за проекти за заштита на природата.
Тригодишната програмата е финансирана од Европската унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетоте нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и физичко планирање.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.