СО ТРСКА ЗА РИБОЛОВ ГИ ДОПРЕЛ ЖИЦИТЕ И ПОЧИНАЛ НА ЛИЦЕ МЕСТО ОД СТРУЕН УДАР: Трагедија на пругата меѓу Драчево и Лисиче
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2022
72-годишен скопјанец
починал од струен удар, информира МВР. Во СВР Скопје вчера било пријавено дека
на делот од пругата меѓу железничките станици Драчево и Лисиче, едно лице
починало при повреда од струен удар.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за лицето С.Ц. (72) од Скопје, кој со трска за риболов ги допрел жиците.
Како што информираат од МВР, екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството.