Собранискиот претседател Џафери „на мака“ во препознавањето на пратениците под маски
Објавено во: Македонија 22 Август, 2020
Новиот собраниски состав е конституиран, конститутивната седница завршена, а Талат Џафери е избран за претседател на Собранието во уште еден мандат. Самиот има посебен стил на работа, а за него вчера гласаа сите 62 пратеници што го предложија - тие од ДУИ и СДСМ.
Џафери сега станува претседател во специфични услови. Пратениците седат одвоено и со маски што според него е дополнителен предизвик да ги научи тие кои се нови. Ги замоли да се претставуваат, барем на почетокот.
Талат Џафери е еден од најпознатите политичари во земјава од албанскиот политички блок. Првиот пат неговиот избор беше причина за кризата која ескалираше со упад во Собраниската зграда. Никој нема да го заборави тој 27 април 2017 година и моментите кога Џафери беше прогласен за собраниски претседател. Пратеници снимаа со телефони, а тие од ВМРО ДПМНЕ реагираа бурно и тврдеа декаизборот е нелегитимен. Потоа толпата велзе во зградата. Тој беше првиот Албанец спикер во Парламентот. Талат Џафери има завршено Воена академија. За време на воениот конфликт во Македонија бил висок офицер во АРМ и командувал со единиците во тетовската касарна. По маскарот кај Вејце дезертирал и преминал во ОНА како „Командат Форина“.