07 Мај, 2024
0.0262

Сочна дивиденда! Колку пари носи секоја акција на „Реплек“

Објавено во: Економија 10 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Реплек останува компанија која дели солидни дивиденди на своите акционери и тоа го прави во континуитет. За успешното работење лани акционерите ќе гласаат за предлогот – дивидендата да изнесува 61 евро по акција во нето износ.

„Реплек“ една од најголемите компании специјализирани за трговија со фармацевтски производи и медицинска опрема и годинава ги израдува своите акционери. Неговите акционери на претстојното собрание ќе одлучат за предлогото компанијата да додели 61 евра нето дивиденда за секој акционер. Иако дивидендата е пониска од претходната година мора да се признае дека „Реплек“ држи ниво и го гради својот имиџ на компанија која мисли и солидно ги наградува своите акционери. „Реплек“ ќе исплати 1,76 милиони евра дивиденда во бруто износ. Од тоа 1,3 милиони евра се обезбедени од добивката што „Реплек“ ја оствари од работењето лани, а останатите 460.000 евра се добивка што компанијата ја обезбеди како дел од законските резерви.

Кои се акционерите на „Реплек“ кои ќе добијат најмногу?

Во таа група се и идните пензионери на задолжителниот отворен пензискиот фонд „Сава пензиски фонд“. За своите 7 отсто од акциите фондот ќе добие 111.000 евра дивиденда од „Реплек“.

Најдобитни се тројцата најголеми поединечни акционери: странскиот државјанин Душан Пецовски – најголем поединечен акционер и братот и сестрата Туџарови: Иван и Славица.

Душан Пецовски поседува 11,9 отсто од акциите со право на глас и тоа е износ од 188.000 евра во нето износ. Пецовски е член на Одборот на директори на компанијата од 27 мај годинава.

Славица Туџарова Трајковска поседува 11,57 отсто од акциите со право на глас во „Реплек“. За нив таа ќе добие нето износ од околу 183.000 евра.

Нејзиниот брат Иван Туџаров е претседател на Одборот на директори на „Реплек“ и трет најголем акционер во таа компанија. Тој поседува 11,3 отсто од акциите и за нив ќе добие околу 183.000 евра нето дивиденда.

Останатите над 250 домашни физички лица акционери во „Реплек“ ќе поделат околу 693.000 евра нето дивиденда.

„Реплек“ лани оствари консолидирани приходи во износ од 18,5 милиони евра и консолидирана добивка од 2,2 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката