05 Мај, 2024
0.0263

СОЊА ТАРЧУЛОВСКА ЗА ПЕТТЕ ИЛЈАДИ ЕВРА МЕСЕЧНО: Ние не предадовме никого, нас не предадоа

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Отворено писмо до јавноста испрати сопругата на Јохан Тарчуловски, Соња Тарчуловска, откако беше објавено дека „Семејството на Јохан Тарчуловски месечно примало по 5.000 евра од државниот буџет“. 

Дел од медиумите објавија и документ кој укажуваше  на фактот дека оваа сума била исплаќана на семејството. 

Во писмото таа пишува дека никој не бега да одговори на прашањето за надоместокот за трошоците околу патувањата во Хаг. 

„Одговорот требаше да го побарате кај мене, Соња Тарчуловска. Еве јас ќе ви кажам. Во периодот од 8 години додека Јохан Тарчуловски лежеше затвор за Македонија, секој месец државата ни исплатуваше надомест од 5000 евра. Душегрижници прочитајте добро. Еве Ви ја пресметката : Јас Соња Тарчуловска, Мелани и мајката на Јохан. Авионскиот билет чинеше 800 евра x 3=2400. Најевтиниот хотел во Хаг чинеше 150 евра од вечер за тројца по 7 дена, 1050 евра. Транспортот од хотелот до затворот во два правци чинеше 40 евра, значи 280 евра. Секој месец по 1000 евра префрлавме на сметка во затворот за прехрана и телефонски картички, тоа се 4730 евра. Со останатиот дел од 270 евра преживувавме месечно во Скопје. Ова воопшто не е правдање и немам намера никому да се правдам, но бидејки јас и моето семејство бевме повикани да не оцрните, наводно сме се богателе од државна сметка, не можете да не оцрните. Знаете ли зошто? Затоа што нас не можеше да нѐ скрши и оцрни и затворот. Нас нѐ не раздели и душманот. Не можете да ги оцрнете и скршите нашите деца, затоа што растеа без татко додека вие ги гледавте вашите секој ден. Со ни една изјава не успеавте и нема да успеете мене како сопруга и мајка да ме омаловажите дека сум неморална. А да не заборавам да одговорам на сите оние кои беа загрижени дека мојот сопруг ме фрлил од тераса. Само едно ке ви кажам: НЕ, ЈОХАН НЕ МЕ ФРЛИ ОД ТЕРАСА. Може да сонувате да имате брак како нашиот и никогаш не би се избориле со искушенијата низ кои поминавме ние. Ова е мое прво обраќање после 5 години. Верувајте ниту една дечја солза невреди за никакви пари. Ниту една изгубена младост не вреди за никакви пари. Ниту една празнина и страв не се надополнува со пари. За крај ние не предадовме никого, нас нѐ предадоа“- пишува таа. 

Документот беше со печат и потпис на тогашниот вицепремиер Владимр Пешевски. 

Документот се однесува само на 2011 година. 

Тарчуловски по издржување на хашката пресуда, од затвор на слобода излезе во 2013 година.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца