26 Април, 2024
0.1333

Сонот на Тео стана јаве

Објавено во: Мои пари 18 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Тој е голем борец, неговото име е Тео Богoевски и денес ја живее својата 27 пролет. Цели 11 години е неподвижен. Од неодамна тој повторно може самостојно да функционира и да се "движи" со помош на новата електромоторна количка која благодарение на хуманоста на овој народ е набавена преку дистрибутерот на SUNRISE MEDICAL за Македонија, фирмата за ортопедски помагала "Бауерфеинд".


„Благодарејќи на сите прекрасни луѓе еве го и тој ден. По неполни 2 години седнав на неа. Не можам со зборови да Ви го опишам чувството, сеуште сум во шок. Значи, си подесувам позиција на нозе, грб, висина, се легнувам, поткачувам, не ме труцка веќе кога возам, можам да сменам положба да не се здрвувам по цел ден, качувам тротоари, спуштам стабилно, додека се возам во комбе е стабилна, менувам канали на тв, палам клима со џоистикот, луѓе ме напраивте 100% посамостален. Фала Ви за секоја порака, убава мисла, за секоја донација, за секоја љубов со која направивте да уживам во собирањето средства...Со цела рака Ве гушкам сите“ - напиша Тео на својот ФБ профил споделувајќи ја радоста .

Само еден миг од денот може да ни го промени животот....


До својата 16 -та година Тео бил подвижен без никакви проблеми, но кобниот скок во Охридското Езеро му ги одзема нозете и го прави потполно зависен од инвалидска количка и друго лице. Безмалку 2 години беа потребни да се соберат  средствата за да се набави најсоодветната количка за Тео според степенот на неговиот инвалидитет, потребите и можностите. 

Хуманоста повторно помогна уште еден млад живот да ги живее деновите поподносливо покрај големиот хендикеп, а производителот на количката „Sunrise medical" од Германија, преку своите дистрибутери од Македонија, компанијата „Бауерфеинд“,  му ја испорачаа истата.


Браво за Тео и голема благодарност до сите знајни и незнајни луѓе кои помогнаа во собирањето на средствата.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет