Сопиште одбиен од Град Скопје за изградба на водоснабдителни бунари
Објавено во: Македонија 22 Април, 2024
Стефче Трпковски, градоначалникот на Соппиште, извести дека општината е одбиена од Град Скопје за изградба на водоснабдителни бунари на Водно.
„Иако моментално ни е оневозможено да располагаме со квалитетни и чисти водни ресурси од планината Водно со која управува ЈП Паркови и Зеленило ќе продолжиме да работиме во подобрување на водниот капацитет“, информира градоначалникот на приградската локална самоуправа.
Според Трпшковски, локациите предвидени за истражување и експлотација се на територија на општина Сопиште, но градот Скопје со нивниот менаџмент управуваат со заштитата на Водно.
„На градот Скопје не им пречи дрвокрадството, ловокрадството и возењето на кросови, мотори и АТВ возила но им пречат проекти за водоснабдување“, додава тој во својот коментар.