29 Април, 2024
0.0265

Состанок во Стопанска комора: Сите товарни возила денеска итно ќе ги поминат границите

Објавено во: Економија 20 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Потребно е капацитетите на индустријата да продолжат со работа и да се задржат вработените, рече денеска вицепремиерката Мила Царовска, додека Бранко Азески претседателот на Стопанската комора вели дека Владата и стопанството треба да дејствуваат заеднички и на располагање да се стават сите ресурси со кои располагаме. Царовска денеска беше во комората од каде велат дека активно ја следат вонредната ситуација. На средбата присуствуваа претседателите на Здруженијата според дејности при Комората. За да се обезбеди непречено работење на производните капацитети, на средбата се заклучи преку Стопанската комора на Македонија компаниите да доставуваат предлози за укинување на царините за сите неопходни репроматеријали и суровини, по кои Владата соодветно ќе постапува.

Вицепремиерката Царовска, потенцираше дека во моментот најважно е да се следат препораките од Владата и со заеднички сили да се намалат економските импликации врз македонското стопанство и за таа цел продолжува непрекинатата соработка со Стопанската комора на Македонија, со која се комуницира на дневно ниво.

Потребно е капацитетите на индустријата да продолжат со работа и да се задржат вработените. Повикуваме компаниите да ги  користат економските мерки кои ги презентираше Владата, и најавуваме нови мерки во следните денови. Владата стои на располагање на компаниите и добредојдени се сите предлози и иницијативи од компаниите, за заеднички што полесно да се пребродат тековните предизвици, посочи Царовска.


Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески посочи дека во моментот никој не може да предвиди колку ќе трае кризата, како истата ќе влијае на светската економија, и како сето тоа ќе заврши. Затоа, потребно ни е стопанството и Владата да дејствуваат заеднички и на располагање да се стават сите ресурси со кои располагаме, подвлече Азески.

Согласно покренатите прашања од Комората, во врска со добивање на дозволите од надлежните институции за обезбедување на непречено движење на возачите на камиони заради обезбедување на потребните репроматеријали и стоки за компаниите, во текот на денешниот ден Владата на РСМ, ќе овозможи товарните возила непречено да ги поминат граничните премини, а потребните дозволи да им бидат издадени на возачите при повторниот влез во РСМ.

И на денешниот состанок од страна на компаниите, акцентот беше ставен на олеснувањето на влез и излез на стоки и репроматеријали кои се неопходни за редовно производство на индустриските капацитети. Затоа се апелира за побрзо воспоставување на коридори и ефикасни протоколи за непречено одвивање на транспортот во целиот регион. Истовремено се апелираше во максимален капацитет да се стави железничкиот сообраќај како алтернатива, но се потенцираше дека и авионскиот карго превоз исто така е на располагање и компаниите максимално можат да го користат.

Вицепремиерката Царовска информираше дека е прифатена иницијативата од Стопанската комора на Македонија за дефинирање на посебни протоколи за овозможување на непречено вршење на дејноста на компании од специфични сектори. Со овие протоколи, со оглед на специфичноста на работењето на некои сектори, ќе се дефинираат посебни протоколи за постапување во случај да се појават заболени од редот на вработените во таквите компании, кај кои, поради специфичноста на дејноста што ја вршат не е можно запирање на производните процеси или чие што непрекинато работење е од клучна важност за справување со можното ширење на вирусот (компании од фармацевската дејност, металуршкиот сектор и прехранбената индустрија, како и компаниите кои снабдуваат медицински гасови или снабдуваат храна во здравствените институции, како и компаниите со голем број на вработени (над 1.000). Усвоените протоколи ќе бидат објавени во текот на денот.


Стопанствениците информираа дека имаат залихи од потребните суровини и репроматеријали и имаат капацитети да одговорат на зголемената побарувачка на домашниот пазар, и информираа за состојбите во различните сектори во македонската економија.


Можеби ќе ве интересира

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега