30 Април, 2024
0.0245

СОВЕТ НА МАЈКА ТЕРЕРЗА: Ова треба да им го направите на луѓето кои се зли кон вас!

Објавено во: Стил 25 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Мајка Тереза е родена пред 105 години во Скопје и целиот живот го поминала служејќи им на сиромашните, болните и оние кои цел свет ги отфрлил. Таа денеска има еден совет за сите луѓе-БИДЕТЕ СРЕЌНИ!

Доколку ги прифатите овие нејзини зборови, ќе најдете вистинска среќа:

„Луѓето можат да бидат неразумни, нелогични и егоисти: Сеедно, простувајте им. Доколку негувате добрина, а луѓето ве обвинуваат, тајно и од лични причини: Сеедно, негувајте добрина. Ако сте постигнале успех, околу вас може да се појават многу имагинарни пријатели и вистински непријатели: Сеедно, ќе постигнете успех и тогаш. Ако сте искрени и отворени, а луѓето ве лажат: Сеедно, бидете искрени и отворени.

Она што сте го граделе во текот на годините, може да биде уништено преку ноќ: Сеедно, градете. Ако пронајдовите спокој и среќа, ќе ви завидуваат: Сеедно, бидете среќни!

Доброто, кое го направивте денес, луѓето ќе го заборават веќе уште утре: Сеедно, правете добро. Делете го со луѓето најдоброто што го имате, и тоа никогаш нема да биде доста: Сеедно, споделувајте го најдоброто што го имате. На крајот на краиштата, ќе се уверите и сами, дека се ова е помеѓу вас и Бог: Сеедно, тоа никогаш не било помеѓу вас и нив.“

Како вие доаѓате до својата среќа? Кој совет би им го дале на другите? Одговорот оставете ни го во коментар!