29 Април, 2024
0.0254

СОВЕТИ: Како да се храните на празниците а да се чувствувате лесно!

Објавено во: Стил 24 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Ни доаѓаат празници и долги трпезите. Да не заборавите дека по паузата доаѓа делник, во кој вашиот омилен фустан или панталони од некој костим ќе станат потесни . Ви нудиме 6 начини за јадење, кои нема да ви дозволат да ги наталожите килограмите за време на викендите.

fruitsandvegetables

1. Половина од сета храна која консумирате, треба да се состои од овошје и зеленчук. Додавајте ги во месо, во супи и сосови.

supi

2. Јадете правилно. Тоа значи да започнете со салата, овошје или блага супа - тие содржат големо количество вода и растителни влакна и го намалуваат апетитот, што значи дека ќе се заситите со помала количина од главното јадење. На овој метод ќе го намалите количеството на прифатените калории со околу 15%.

spicepalette1

3. Кога готвите, користете што помалку масти. Најдобро печете, варете или задушувајте ги на пареа производите. Не правете запршки, а додавајте повеќе зеленчук, лимон, ѓумбир, лук и секакви зачини - тие содржат минимум калории и им придаваат на јадењата богат вкус и арома.

softdrinksss

4. Откажете се од газираните пијалоци и конзервираните сокови. На овој начин ќе го намалите чувствителното количеството на примарниот шеќер

fruitsjuice2

5. Изберете цели овошје наместо сок. Еден плод ќе ве засити многу успешно од чаша свежо исцеден сок. Во сокот влакната се помалку, а во шеќерот - повеќе. Пример чаша сок од портокал содржи 120 калории, а еден портокал - 60 калории.

saladdressings

6. Најдобар прелив за салата е комбинацијата од нерафинирано масло (маслиново, сусам, грозје, ореви, тиквено масло) и оцет или лимон - ништо повеќе. Сос со мајонез не само што е тежок, но и штетен, а готовите сосови , кои се продаваат во пакети, даваат вкус на полуфабрикат и на највитаминозната домашна салата.