07 Мај, 2024
0.0248

Совети за еко-возење и заштеда на гориво од РСБСП

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Стартување на моторот и веднаш придвижување, правилно менување на брзините, возење со константна брзина и држење растојание помеѓу возилата, правилен товар… се дел од препораките на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) до возачите за еко-возење за почиста средина и побезбеден сообраќај со што, според нив, потрошувачката на гориво може да биде намалена и до 30 проценти.

– Многумина од возачите не знаат, многумина не се доволно информирани, многумина не веруваат, но истражувањата и фактите покажуваат дека со промена на навиките на однесување во сообраќајот и со промена на техниките на управување на моторно возило може да се заштеди гориво, да се заштедат средства, да се заштити животната средина и да се направи патниот сообраќај да биде побезбеден, истакнуваат од РСБСП.

Според нив, за еколошко и еконоимично возење меѓу другото потребно е оптимално да се товари возило, да се провери притисокот на гумите, да се планира патувањето да се избегнува патување во делови од денот или делови од патот каде што има најголем сообраќаен метеж.

– Потрошувачка на енергија. Сите електрични системи во возилото се напојуваат со енергија од моторот. Оттука, колку повеќе ја користите електричната енергија во возилото, толку повеќе трошите гориво. Клима уредот црпи енергија од моторот. При високи температури, потрошувачката може да се зголеми за 25 отсто. Затоа, прилагодете го клима уредот со разлика од надворешната температура од 4 до 5 степени, посочуваат од РСБСП.

Секој возач, велат тие, секогаш треба да биде свесен за еколошката димензија кога го управува возилото, односно да практикува начини на возење кои за последица имаат намалена емисија на штетни гасови во атмосферата.


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта